Особини на течната текстилна тапета Флотекс
1. Флотекс е природен , еколошки материјал ( памук, целулоза ).
2. Флотекс лесно и едноставно се нанесува , по системот направи сам.
3. Флотекс благодарејки на природните материјали поседува одлични термоизолациски својства . енергијата не ја трошите за загревање на ѕидовите , туку ја греете просторијата – штедите на греење.
4. Флотекс како текстилен материјал ги впива звуковите – ја подобрува акустиката на просторијата.
5. Флотекс течната текстилна тапета ги покрива пукнатините на ѕидовите и таванот , а поради големиот степен на истегнување истите нема да се појават по поставувањето.
6. Флотекс одлично се нанесува на скоро сите површини ( малтерисан ѕид , гипс картон , иверка , стакло и др.) , што овозможува широк спектар на употреба ..
7. Флотекс едноставно се одржува – со бришење со мокра крпа или прашината се усисува од површината на тапетата.
8. Флотекс течната текстилна тапета лесно се вади – треба само добро да се навлажни ( со сунгер или собна прскалка ) , почекајте да се стопат влакната а потоа со обична шпакла можете да ја истругате од ѕидот . Извадената маса може повторно да се користи ( ако е чиста !).
9. Ако Флотекс тапетата после одреден период ви се извалка , а вие решите да тој термоизолационен слој остане можете да ја префарбате со обична боја .
Флотекс течната текстилна тапета е испитана во Заводот за испитување на материјали и конструкции во Суботица ( број на документ 22-3492).

