Поставување на течната тапета Флотекс
Површините на кои се нанесува течната тапета мораат да бидат суви и чисти. Ако вашиот зид не е таков , на нанесувањето мора да му претходи припрема на подлогата
1. Припрема на смесата
Флотекс треба да се меша само со вода, едно пакување од тапетата (1 кг ) со 7 – 7,5 л вода ) . Мешањето е најдобро да биде со раце во пластичен сад со постепено додавање на млака вода . После мешањето масата а се остави 15-30 минути да одстои , влакната да се стопат во потполност. По истекот треба да се провери дали смесата е спремна за нанесување. Смесата треба да е изедначена без грутки мазна и лизгава. Доколку не е треба да се додаде уште малку вода и да се измеша .
Треба да се води грижа секогаш да се припреми доволна количина на материјалот за една просторија , бидејки со одатно нарачување може да дојде до мала разлика во нијансата.
Едно пакување Флотекс течна тапета покрива околу 4 м2 ѕид ( во дебелина околу 2мм ) во случај развлекувањето да е квалитетно а ѕидовите прилично рамни. Во спротивно ако површините се рапави и брановидни , дебелината на слојот ќе бие поголема и нема да се постигне претходно наведената покриеност.
.
.
2. Нанесување
Припремената смеса од Флотекс течната тапета земете ја од садот колку ви собере во шака, притиснете ја на ѕидот како тенка погача и со Флотекс ваљакот резвлечете во сите правци (како тесто) до посакуваната дебелина .Поставувањето може да се работи и со глетарица, со тоа што искуството покажува дека во тој случај како завршна операција е потребно рамнење со мокра маса со Флотексваљакот. Флотекс ваљакот има специјална облога која овозможува рамномерно развлекување на материјалот по површината .
На помалку достапните места ( позади радијатори , околу вентили во аглите и др. ) за нанесување може да ви послужи нашиот мал Флотекс ваљак , алатка како што е шпакла или некој друг алат со облик кој одговара.
.
.
3. Сушење
Со нанесување на Флотекс течната текстилна тапета не треба да брзате , бидејки смесата останува во садот свежа и влажна неколку денови . Времето потребно за сушење на поставената тапета изнесува 24 - 48 часа , а зависи и од температурата на просторијата и квалитетот на проветрувањето .
Во случај да во еден ден не можете да за завршите целата просторија , пожелно е да заврши барем еден ѕид или една површина до крај . Следниот ден можете да наставите со другиот ѕид без страв дека ке се познава составот.
4. Остаток од смесата
Останатиот материјал по завршувањето со нанесување на Флотекс течната тапета можете да го ставите во фрижиер за евентуални подоцнежни поправки.
Овде можете да погледнете снимка од поставување на Флотекс течната тапета.

