Ако не сте сигурни кое решение да се избере во конкретен случај , консултирајте молер или повикајте не нас , Ви стоиме на располагање.

Припрема на подлогата

Како што претходно е напишано Флотекс не побарува идеално рамни површини , бидејки ова маса ги пополнува нерамнините и ги поравнува ѕидовите , но побарува чиста подлога без прашина ( што најчесто не е случај ). Причината за исполнување на овој услов е многу едноставна , На околу 4 м2 ѕид ( колку что покрива едно пакување Флотекс )  се нанесува 7-7,5 л вода која ја влажни подлогата 2 дена . Влагата продира во ѕидот и ги извлекува на површината несаканите супстанци во вид на флеки и точки кои избиваат на тапетата. Да не дојде до оваков негативен ефект подлогата треба да се припреми на адекватен начин .

..

Ви наведуваме некои примери на ѕидови и припрема на истите:

- Новоградба – глетуван ѕид – Флотекс се нанесува директно без никаква припрема на подлогата
- Новоградба – малтерисан ѕид – да се префарба површината во два слоја со полна дисперзија – боја за надворешни ѕидови која  можете да ја купите во најблиската продавница за бои
- Подлога со хартиени тапети – старите тапети а се извадат и во зависност од тоа каква повшина ќе се затекне одоздола, евентуално да се пројде еден пат со обична подлога разредена во однос 1:3
- Обични ѕидови офарбани со полудисперзивни бои – видот на подлога да се одбере во зависност од степенот на прљавштина ( дим од ложење , дим од цигари, прашина..) кај помалку запрљани површини доволен е еден слој обична подлога и еден слој квалитетна полудисперзивна бела боја , додека за појака запрљаност препорачуваме полна бела дисперзија во два слоја .
- Стиропор – Флотекс директно се нанесува на стиропорни плочи , со тоа што составите на плочите прво треба да се пополнат со течна текстилна тапета , да се почека да се иссуши малку а потоа да се среди целата површина.
- Гипс картон – два слоја полна дисперзија
- Иверка, ламперија – ако површините се лакирани треба само да се измијат, а ако се во природна состојба, површината треба да се пројде со мат маслена боја во два слоја или подлога за дрво на водена база

Ако не сте сигурни кое решение да се избере во конкретен случај , консултирајте молер или повикајте не нас , Ви стоиме на располагање.